Седмо издание на „Крушево-етноград“

Седмото издание на манифестацијата „Крушево-етноград“ ќе биде отворено вечер на градскиот плоштад во Крушево. Проектот „Етноград“ опфаќа изложби меѓу кои за филигран од срма на Флора Педрони, презентација на домашни и еколошки производи и концерти на познати групи.
Според градоначалникот на Крушево Ѓорѓи Дамчески, градот ќе живее со историските и културните традиции на кои, како што рече, крушевчани облечени како комити и Турци чорбаџии ќе ги потсетуваат посетителите.
- Пред седум години првпат го кренавме „Првото туристичко востание на Балканот“. Наместо топовите, грмнаа тапаните, наместо лелекот, писнаа зурлите. Комитите и аскерот го положија оружјето и седнаа заедно на маса да пијат кафе. Сиромашните и чорбаџиите заедно се насладуваа со вкусните крушевски јадења, народот илезе на улица и ја сардиса чаршијата. Крушевскиот „Етноград “ е манифестација со која Крушево стана препознатлив туристички бренд и неизбежен дел од туристичката понуда во Македонија, изјави Дамчески.
Според градоначалникот Дамчески, сите капацитети се пополнети и се очекуваат голем број туристи.
- Крушево ја збогати туристичката понуда со културните манифестации, со првенствата во параглајдерство, во планинарство и едноставно е место каде посетителите сакаат да го поминат летото и да побегнат од горештините, потенцира Дамчески.
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
-

Зеленски: Повторно го забавија „Ѕвездениот штит“, со што им се помага на Русите да нè убиваат
-

46-годишник од Кратово физички ја напаѓал и малтретирал бремената партнерка
-

Скопје во знакот на боксот: Јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“
-

Утре силен јужен ветер и температури над просекот
-

Приведени 8 возачи во изминатото деноноќие, 6 возачи управувале возило без положен возачки испит
-

Кибернапад во Швајцарија: Украдени лични и медицински податоци на пациенти и вработени
