Седмата рунда преговори за Сирија завршена без промени

На седмиот круг од преговорите за Сирија во Женева меѓу владата и опозицијата беше постигнат извесен напредок, но нема промени. Делегациите на сириската Влада и опозицијата не успеаја да ги усогласат ставовите за борбата против тероризмот и политичката транзиција.
- Постигнавме дополнителен напредок, како што и очекувавме. Нема прогрес ниту пропаѓање во преговорите, изјави специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан да Мистура
По пет дена преговори, Мистура имаше средба со делегацијата од Дамаск предводена од сирискиот амбасадор во ОН, Башар Џафари како и со делегацијата од сириската опозиција.
Џафари по состанокот оцени дека разговорите за борбата против тероризмот биле корисни и детални, и оти прашањето треба да излезе од „теоретското поле на СБ на ОН“ и конкретно да биде спроведено.
Сириската опозиција повтори став дека нема политичка транзиција додека Башар ал Асад е претседател на Сирија. Преговорите за Сирија под покровителство на ОН почнаа во 2016 година и додега не е остварен значителен напредок.
Ново на Сител
-

„Бе-ем-ве“ повлекува повеќе од 744.000 возила низ светот поради ризик од пожар
-

Филмот „Одисеја“ со рекордни 87 милиони долари заработка за време на вториот викенд
-

Општина Куманово ги повика граѓаните да пријават штети од невремето
-

Пирло: Секогаш сум дејствувал во целосна согласност со условите на договорите што ги потпишав
-

Турција испраќа авиони Ф-16 во Естонија за заштита на воздушниот простор над Балтикот
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Две лица загинаа во вооружен инцидент во Сиетл
-

Гостивар денеска треба да добие технички исправна вода
