Седлоски: Против Данска треба да одиграме храбро, нема што да изгубиме

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, ги искажа своите очекувања за претстојното учество во плејофот за пласман на Светското првенство 2026.
-Треба да излеземе на теренот и да одиграме храбро против еден доста сериозен противник. Данска е фаворит на хартија, но теренот ќе покаже како ќе биде на крајот. Ние нема од што да се плашиме. Психолошкиот притисок да се добие натпреварот е поголем кај Данците. Респект за Данска, но и Македонија има мотив да одигра добро и да направи изненадување. Јас одлучив да не менувам многу што се однесува до играчкиот кадар. Ќе има неколку освежувања со неколку повратници во националниот тим, како и тројца дебитанти.

На 26 март македонската репрезентација ќе гостува во Копенхаген кај Данска. Доколку се забележи победа, „црвено-жолтите“ во финалето пет дена подоцна ќе се соочат со поуспешниот од дуелот Република Итрска – Чешка.
Собирот 28-те повикани македонските фудбалски репрезентативци е закажан за 22 март.
МИА
Ново на Сител
-

Голема еколошка акција на Патриотско друштво за пошумување на Ајватовски Рид
-

Божиновска: Денар плус попуст на дизелот
-

Мицкоски: Имаме најевтини горива во регионот
-

Филипче: Мерките не се доволни
-

Славески: Ја држиме инфлацијата под контрола
-

ДУИ: Регулаторна 2 пати неделно да определува цени
-

Костадиновски: Уставниот суд мора да остане независен
-

УГД во мисија, европско образование без граници
