-->
-->
Себастијан Коу нов претседател на светската атлетика
-->

Легендарниот британски атлетичар Себастијан Коу е избран за нов претседател на Светската атлетска федерација (IAAF). Коу на функцијата ќе го наследи Сенегалецот Ламин Дијак кој на чело на светската атлетика мина 16 години.
На изборите за претседател во Пекинг, Коу го победи Украинецот Сергеј Бубка, Британецот доби 115 гласови додека славниот скокач со стап доби 92 гласа.
Коу е двократен олимписки шампион на 1.500 метри, поранешен пратеник од редовите на Конзервативната партија и претседател на Организациониот одбор на Олимписките игри во Лондон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
