Се зголемува интересот кај компаниите за стандардизација

Кај македонските компании се зголемува свеста и интересот за стандардизирање на производите и услугите. Примената на стандардите ги отвора пазарите, ја јакне конкурентноста, но придонесува и за заштита на околината, сигурноста, безбедноста, здравјето, пристапот до информации и знаењето, беше речено на денешната прес-конференција во Министерството за економија по повод 14 Октомври, Светскиот ден ма стандардизацијата.
Стандардизирањето е доброволно, но значи голема предност за секој бизнис субјект.
- Македонија извезува најмногу на европскиот пазар каде не може да се пласира нешто ако не е согласно соодветните барања и критериуми. Ова значи дека сме во тек со таквите барања и услови, но нашата цел не е само европскиот, туку светскиот пазар, истакна министерот за економија Крешник Бектеши.
Според директорот на Институтот за акредитација Џевад Кицара, Македонија досега има усвоено 28.000 стандарди во различни сфери.
- Ако сакаат да бидат конкурентни, малите и средните претпријатија мора да имплементираат стандарди, нагласи Кицара.
Годинашната порака на Светскиот ден на стандардизацијата се однесува на Четвртата индустриска револуција, на новите „паметни“ технологии, вештачката интелигенција и роботиката.
Ново на Сител
-

По седум години затвор за Ѓоре Петровски и за Даниел Димески за опожарување куќа во Нежилово
-

Поради тројца делегирани судии, презакажни и одложени рочишта во Основниот граѓански суд Скопје
-

Од Маџари до центарот на Скопје за пет минути: тест-турата ја покажа предноста на градскиот воз
-

ОН: Најмалку 30 жени уапсени во Авганистан поради наводно кршење на правилата за хиџаб
-

Нафтата поевтини по најавите за можен крај на војната меѓу меѓу САД и Иран
-

Алиу: Коцкањето е зависност – превенцијата е најефективна за заштита на младите
-

Во поштенски пратки пронајдена дрога, кривична пријава ќе биде поднесена против едно лице
-

Американски министер: Во САД ќе биде безбедно, но секогаш постои осамен волк
