Се зголемува бројот на позитивни случаи со Ковид-19 во Македонска Каменица
Се зголемува бројот на позитивни случаи со КОВИД-19 во Македонска Каменица, но и во Делчево.
Според лекарите, причина за ширењето на заразата е тоа што поголем број од жителите на Македонска Каменица работат во Кочани, од каде што сметаат дека се шири заразата и во рударска Каменица.
-Сега веќе за жал и во Каменица доста се прошири. Според мислењето на докторите од Каменица има доста лица од М.Каменица кои патуваат на работа во Кочани, а таму според информациите на лекарите од М.Каменица има многу заболени. До минатата недела М.Каменица со мал број на случаи беше општина за пример, но за жал почнува и таму да се јавуваат многу болни и позитивни на Ковид-19. Затоа апелирам пак да го ограничиме дружењето, заради нас лично заради нашето семејство, колективното здравје, вели директорката на делчевскиот Здравствен дом, Марија Глигоровска.
Според неа, загрижува фактот што со денови нема ниту еден излечен, додека цело време нови заболени се праќаат во болница.
-Кај нас имаме многу запуштени случаи, минатата недела бевме малку релаксирани немавме случаи, кои ги пративме на лекување. Но, еве денес од она што може да се види од наодите врз кои имам увид како рентгенолог, се гледа дека имаме неколку нови случаи на бронхопневмонија. Оттука можам да ги сфатам нашите граѓани, зошто ја кријат болеста, зошто сами се лекуваат и доаѓаат во тешка состојба и си наштетуваат на себе и околината. Со тоа само заразуваат повеќе луѓе и потоа завземаат болнички кревети во Штипската болница која е преполна со наши сограѓани кои може да ги видите во билтенот на Министерството за здравство, вели Глигоровска.
Таа смета дека состојбата може да се реши со навремено тестирање.
До денеска во Делчево и Македонска Каменица има 106 активни случаи на коронавирус.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата