Македонија
28. November 2018 - 16:54

Се затвора Домот за деца без родители „11 ти Октомври“

- До крајот на годината ќе се стави клуч на врата на домот за деца без родители “11 Октомври” преку процесот за деинституционализација штитениците ќе бидат сместени во згрижувачки семејства како и во мали групни домови.

Во моментот во Установата има 32 деца. За тие кои ќе живеат во 4-те стамбени единици ќе се грижат воспитувачите од  “11 Октомври”. Од министерството велат дека објектот ќе остане на државата и ќе го пренаменет за други социјални услуги.

Постапката за вадењето на децата од домовите е во тек и во специјалниот завод во Демир Капија и во Домот за доенчиња во Битола за каде се планирани специјализирани згрижувачки семејства поради нивната возраст.

- Така е секаде во светот, децата да ги доближиме до семејства, изјави Мила Царовска, министер за труд и социјална политика

Деинституционализацијата  веќе е завршена за Домот “25 мај” од каде сите 25 деца летово се иселени во групни домови. Токму од оваа установа речиси секојдневно иамше евидентиурано бегства на малолетници, а година годинава имаше и слкучај на силување на штитеницка.

Александар Динев Сител телевизија