-->
-->
Се зајакнуваат тимовите на Фронтекс на грчките острови
-->
Седумнаесет холандски полицајци вчера пристигнале на Лезбос, заедно со техничка опрема за силите на Фронтекс кои им помагаат на грчките власти во центарот за регистрација во Мориа.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, дДоаѓањето на тимот е дел од спроведувањето на договорот меѓу ЕУ и Турција со кој се предвидува значително зголемување на персоналот и техничката помош за Грција.
Претходно, група бегалци и членови на невладини организации протестираа пред Мориа за промена во работењето на пунктовите во Грција, при што дојде до помали тепачки.
Инаку на грчките острови вчера не пристигнал ниту еден нов бегалец или мигрант, додека во пристаништето Пиреја денеска, веќе втор ден, пристигнуваат се помалку бегалци и мигранти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Превртена приколка од камион го блокира патот Истибања – Македонска Каменица, сообраќајот во прекин
-
Во среда авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Град Скопје: Власта го политизира наместо да го осуди случајот со физичкиот напад врз градоначалничката Арсовска
-
Формиран Кризен штаб за заштита од пожари во Македонска Каменица
-
Украинските ученици наскоро ќе учат да летаат со ФПВ дронови како дел од ажурираната наставна програма „Одбрана на Украина“
-
Исчезна руски воен хеликоптер со пет лица
-
Кривична за кавадарчанец за шест дела „тешка кражба“ и две за „тешка кражба во обид“
-
Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, приведени шест лица