Се враќа „Краш Бендикут“
Сите родени во 80-те или 90-те години на минатиот век дигрно ги играа „Супер Марио“ на „Нинтендо“ или „Краш Бендикут“ на „Сони“, но со преминот на новата генерација на конзоли и појавата на „Плеј Стејшн 2“ и „Плеј Сѕејшн 3“, авторот на франшизата „Ноти Дог“ се најде во проблеми околу авторските права, па „Краш Бендикут“ отиде во историјата.
Сепак, на 30 јуни ќе излезе „Краш Н. Сејн Ѕрилоџи“ , компилација на ремастер на првите три игри „Краш Бендикут“, „Кортекс Стајкс Бек“ и „Варпед“.
Со сопственикот на лиценцата „Активејшн“, „Сони“ направи целосно нови верзии на оригиналните игри, а целта им е точно да ја пренесат играта „Краш Бендикут“, но со графика и звук достојна за денешните конзоли.
Прво ќе излезе „Краш Бендикут“, потоа „Краш Бендикут 2: Котекс Страјкс Бек“ и „Краш Бендикут Варпед“, а игрите ќе бидат достапни во физичко и дигитално издание по цена од 40 американски долари. Ќе биде достапна на „Плејстејшн 4“, а може и на ПЦ издание.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
По предлог на Вајц, одложено гласањето за предлог-извештајот за напредокот на Македонија
-
ДУИ поднесе интерпелација за претседателот на Уставниот суд
-
ВРЕДИ се уште нема став за една изборна единица
-
Анкетна комисија за Кочани
-
Економскиот раст е добар показател, се бара решение за инфлацијата
-
Договорците во здравството година и половина чекаат решенија – од Здравство тврдат дека постапката е во тек
-
Скопје остана без приватни превозници, тврдат дека ЈСП им должи два и пол милиони евра