Се воведува зонско паркирање зад ТЦ „Три бисери“
Зонско паркирање се воведува во реонот зад трговскиот центар „Три бисери“ по барање на жителите од тој дел на Општина Аеродром.
Од општината информираат дека ЈП „Градски паркинг“ во моментов поставува информативни табли на локацијата, што ќе се води како зона Д2. Условите се исти како и за другите зони каде има воведено вакво паркирање и ќе важи од 7 до 23 часот секој ден освен недела.
Добра вест за станарите од овој реон, како и од сите други со зонско паркирање во Аеродром е што ќе можат бесплатно да паркираат по три возила што се водат на иста адреса. Уште една предност за сите регистрирани во системот на зонско паркирање е што ќе можат да се паркираат бесплатно во сите зони на целата територијата на Општина Аеродром, посочуваат од општината.
Жителите од новата зона Д2 можат да аплицираат во кол-центарот. што се наоѓа зад ТЦ „Бисер“. Обрасците за пријавување и другите потребни документи и детали се објавени на интернет-страницата на ЈП „Градски паркинг http://gradskiparking.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица

