Се воведува лимит на трошоците на граѓаните при користење потрошувачки кредити
Ограничување на надоместоците кои ги плаќаат граѓаните при одобрување и отплата на потрошувачки кредити, е главна цел на измените во новиот Предлог-закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.
Од Министерството за финансии денеска соопштија дека со ограничување на надоместоците, односно на годишната стапка на вкупни трошоци, ќе се намалат трошоците кои граѓаните го плаќаат при користење на потрошувачки кредити. Намалувањето ќе биде најзначајно кај кредитите во кои се одобруваат мали износи, со кратки рокови на отплата, т.н. „брзи кредити“.
- На овој начин ќе се намали ризикот од дополнително влошување на состојбата на лицата кои имаат проблеми со отплата на кредитите, се вели во соопштението.
Најавата за новиот Предлог-закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити е веќе на платформата ЕНЕР. Во текот на следната неделата целосниот текст на законот ќе биде објавен за јавна консултација.
Ново на Сител
-
120 доброволци се обучуваат за справување со пожари
-
Национална стратегија за заштита од пожари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии