Се уште се прави анализата за промена на прагот за ДДВ

Во Министерството за финансии се уште се прават анализите за ефектите од прогресивниот данок, како и за промена на прагот за ДДВ.
-Точно е дека се прават анализи. Анализите не се уште комплетно завршени. Се прават анализи и за прагот за ДДВ и при тие анализи не се зема предвид само фискалниот ефект, туку се зема предвид и администрацијата потребна за вложување, регистрирање и контролирање на тие мали компании. Во моментов ги правиме анализите, ја испитуваме и страната на фискалната импликација и страната на административниот товар на УЈП конкретно за да можеме да донесеме ново сеопфатно издржано решение, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска, одговорајќи на новинарски прашања пред конференцијата за е трговија.
Потенцира дека анализите се прават детални и дека јавноста ќе биде информирана што покажале и во однос на ефектите од прогресивниот данок и за сите други тековни анализи што се прават во моментов.
-Навистина е амбициозна агендата. Во тек се во изработка многу анализи. За сите ќе ве информираме благовремено, ќе ве повикаме и на презентација и да ви ги соопштиме резултатите и понатаму секако одлуките што ќе произлезат, истакна Ангеловска.
Зголемување на прагот од еден милион денари за плаќање ДДВ најави премиерот Зоран Заев на почетокот на месецов.
Ново на Сител
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
-

Македонските студенти: Победата во Србија е доказ дека младите можат да направат промени
-

470 килограми месо од нелегална комора во Василево завршија на депонија
-

Преглед на вестите од светот
