Македонија
5. April 2024 - 16:28

Се уште нема приведено осомничен за убиството на докторот во Железара

Пред две недели докторот Ацо Трповски беше убиен во скопска Железара- убиецот на слобода, се уште нема приведени осомничени лица. За тоа колкава е ажурноста на полицијата која работи на расветлување на убиството, министерот Тошковски кажа дека се потребни системски и технички подобрувања во министерството, но не сакаше да открие повеќе детали за тоа до каде е пронаоѓањето на убиецот, за да не ја наруши истрагата.

Претходно дополнителниот заменик министер, Митко Бојмацалиев сподели во јавноста дека докторот чие беживотно дело беше најдено во неговиот автомобил, бил убиен на друго место, а потоа телото било внесено во автомобилот.

Министерот пак во поткаст соопшти дека убиството на докторот не било поврзано со неговата лекарска професија.

Обвинителството ги повика сите страни да не споделуваат детали кои може да ја нарушат истрагата и пронаоѓањето на убиецот.

Докторот Ацо Трповски беше убиен ноќта на 22 март, со 9 убоди од нож, а телото го најдоа неговите синови кои почнале да го бараат откако после работа не се вратил дома.