Се уште нема информации за Македонецот кој исчезна по пожарот во Кран Монтана | ВИДЕО

Засега нема дополнителни информации за македонскиот државјаник кој се води како исчесзнат по пожарот во швајцарскиот зимски центар Кран Монтана.
- Последните информации кои ги добивме од надлежните институции се дека има едена личност со македонско државјанство. Во контакт сме со швајацарските власти и полиција и очекуваме повеќе детали во однос на тоа, по што ќе ја информираме јавноста, изјави денеска владината портпаролка Марија Митевска, одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата.
Стапено е во контакт со официјални претстваници на Швајцарија и понудена е помош.
- Стоиме на располагање и очекуваме доколку е потребно да побараат помош, рече Митева и во име на Владата изрази жалење и сочувство за несреќата во Кран Монтана.
МИА
Ново на Сител
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
-

Одбележување на Велигден во Католичката црква и низ светот
-

На 1 септември стартува првата линија “Градски воз” од Зелениково до Транспортен центар
-

Компанија во Прилеп добивала тендери од поставување видео надзор
-

Аутизмот без систем, родителите оставени сами
