Македонија
12. July 2018 - 16:11

Се уште нема договор за ДИК

Изборот на членови на ДИК во моментов е приоритет за да имаме функционални институции, смета министерката за правда Десковска.

Таа вели дека овој процес не смее да се условува со закони за амнестии, техничка влада или промена на моделот на финансирање на партиите.  

И од ДУИ сметаат дека час поскоро треба да се избере новиот состав на ДИК.

ВМРО ДПМНЕ и денеска го повтори својот став дека ќе предложат свои кандидати за членови на ДИК, во оној момент, кога СДСМ ќе ги исполни своите обврски од договорот, односно по носењето на законот за финансирање на политичките партии и законот за техничка влада.

Во однос на финансирањето на политичките партии, од невладината “Транспаренси интернешенл” велат дека е потребна поголемата контрола и транспарентност. Регаираат дека сегашниот систем е целосно расцепкан, сите надлежни институции се прават ненадлежни кога треба да се донесе одлука дали постојат неправилности. За подобро функционирање на процесот предлагаат создавање на институција за контрола на финансирањето на политичките субјекти.

Поради ненавремено доставување на финансикиот извештај, од април годинава е укинато буџетското финансирање на 26, од 56те партии кои досега добивале средства од државната каса.