Македонија
24. November 2023 - 12:36

Се уште неизвесно доаѓањето на Лавров во Скопје следната недела

Се уште неизвесно дали шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе присуствува на министерскиот самит на ОБСЕ.

Иако до крајот на неделава од МНР требаше да соопштат дали ќе го пречекаат Лавров, од таму денеска се уште нема одговор.

Според извори на Сител, Владата денеска ја укинала забраната за прелет и слетување на руски државни воздухоплови над и во земјава. Сепак официјално соопштение оттаму на оваа тема најавуваат во текот на денот.   

Според руските медиуми пак, побарани се визи од Македонската амбасада за 86 членови на руската делегација, меѓу кои и Лавров, неговиот доктор, обезбедувањето и новинари.