-->
-->
Се урна пешачки мост над реката Влтава во Прага
-->

Во северниот дел на чешкиот главен град Прага денеска се урна пешачки мост над реката Влтава, долг 253 метри, објавија чешките медиуми.
Повредени се четири лица, кои се пренесени в болница. Во моментот се трага по луѓе кои можеби паднале во водата.
Спасувачки екипи се испратени на местото на инцидентот, а во операцијата е вклучен и хеликоптер. Бродскиот сообраќај низ реката е во прекин.
Градската управа е свикана на вонредна седница.
Мостот, кој е изграден во 1984 година, ги спојуваше Императорскиот остров на Влтава со реонот Прага-Троја, каде се наоѓаат зоолошката и ботаничката градина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
