Македонија
5. February 2019 - 11:44

Се унапредува меѓуетничката интеграција и толеранција во ОУ „Страшо Пинџур“ во Јосифово

Основното училиште „Страшо Пинџур“ во Јосифово е добитник на грант наменет за финализирање на проектот за поддршка на активности за унапредување на мултикултуризам, меѓуетничка интеграција и толеранција.

Со првиот дел од грантот, кој претходно училиштето го доби од Фондацијата „Отворено општество Македонија“, во училиштето веќе се реализирани дел од активностите предвидени со проектот.

– Средствата што досега ги добивме беа доволни да опремиме една училница која им е ставена на располагање на членовите на Заедницата на ученици која е носител на активностите од проектот, информираа од училиштето во Јосифово. Најавија дека со средства од вториот дел од грантот, добиен преку Министерството за образование и наука, ќе се реализираат активностите за комплетно доопремување на просторијата.

Од училиштето изразија задоволство од доделувањето на грантот и упатија благодарност до сите ученици, родители и наставници кои активно се вклучени во реализацијата на проектот.