Се тресе Балканот, утрово нов земјотрес во Грција
Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала синоќа во 23:30 часот по локално време го погоди грчкиот остров Крит.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри под морското дно, на околу 60 километри источно од градот Хераклион, сопшти националниот институт за геодинамика.
И покрај тоа што земјотресот бил почувцтвуван силно во источниот дел на Крит, нема податоци за настрадани лица и за причинета материјална штета, јавија локални медиуми.
По главниот земјотрес во период од половина час имаше три вторични потреси, секој од нив со интензитет од по 3,5 степени.
Утрово во 9.03 часот по локално време (08.03ч) земјотрес со јачина од 3,7 степени е регистриран на 283 километри западно од Атина, односно епицентарот бил на 25 километри југозападно од Лефкада, и 15 километри југозападно од Нидри. Овој земјотрес бил на длабочина од 2 километри.
Ново на Сител
-
Без струја делови од Чаир и Аеродром
-
Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина за забраната за користење на динарот на Косово
-
Путин го поддржува кинескиот план за мирно решавање на кризата во Украина
-
Стејт департментот му префрли на Конгресот една милијарда долари помош за Израел
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен дожд и ретки грмежи
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа