Македонија
25. December 2021 - 16:48

Се судрија воз и мерцедес - едно лице заврши во болница

Во судир помеѓу воз и мерцедес едно лице заврши во болница.

- На 24.12.2021 околу 11.20 часот во с.Романовце, кумановско на патен премин кај место викано „Превој“ се случила железничка незгода помеѓу воз кој сообраќал на релација Ж.С.Табановци Ж.С.Трубарево и патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. од с.Алашевци. Од незгодата С.Ј. се здобил со повреди и е префрлен во болница во Куманово за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Куманово.