Се судрија прокинеските и продемократските демонстранти во Хонг Конг
Во Хонгконг денеска избија судири меѓу приврзаниците на Кина и демонстрантите кои бараат демократски реформи во оваа полуавтономна кинеска територија, јавија американските медиуми.
Стотина прокинески демонстранти во зионата Амоу, во густо населениот дистрикт Ковлун, ја пееја кинеската национална химна и вееја знамиња и извикуваа пароли со поддршка на матичната земја.
Опозициските демонстранти набрзо се собраа на истото место , а тензиите нараснаа кога двете групи почнаа да се обвинуваат меѓусебно, пренсуаваат американските медиуми.
Ситуацијата стана хаотична кога двете групи почнаа да си разменуваат удари, а полицијата интервенираше и приведе неколку лица.
Продемократските активисти во Хонгконг планираат денеска да заземат неколку шопинг центри, откако изминатата ноќ во текот на протестот формираа човечка верига и носеа светилки.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце