-->
-->
Се судрија автобус и цистерна во Авганистан - Најмалку 36 загинати
-->
Најмалку 36 лица загинаа во директен судар на автобус и цистерна авганистанската јужна провинција Забул, пренесе ТАСС.
Портпаролот на гувернерот на провинцијата изјави дека загинале 36 лица, вклучувајќи и жени и деца, а повеќе од 25 се повредени, од кои некои се здобиле со тешки повреди.
Цитирајќи ја локалната телевизија ТАСС јавува дека во несреќата има 50 загинати, а повредени се уште најмалку 30.
Несреќата се случила во округот Шар и Сафа, на главниот автопат, што ги поврзува престолнината Кабул и јужниот град Кандахар, за каде патувал автобусот.
Причина за несреќата е невнимателното управување на двајцата возачи.
Сите пациенти во критична состојба властите ќе ги префрлат во соседната провинција Кандахар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска