Се струполи коњ на фреквентен пат поради преоптовареност

Драма се случуваше доцна синоќа на асфалтот пред месноста Маренски уши. Поради преголем товар се лизна и падна коњ на патот Неготино – Кавадарци.
Ветеринарниот лекар Светомир Милошевиќ случајно минуваше оттаму и застана да помогне.
- Јас сум од Кавадарци, но се враќав од демиркапиското село Бистренци. Имаше таму некоја слава. Со алишта и стока го натоварив коњот Мартин. Што да правам, на тоа ме тера сиромаштијата, рече сопственикот.
На патот, иако фреквентен, никој друг освен ветеринарот Милошевиќ не застана да помогне, ниту да праша што е проблемот. Со светла од мобилните телефони тој успеа да го отплетка коњот, во исто време сигнализирајќи наоколу за да не налета случајно некое од возилата.
Штом се исправи и застана на нозе, коњот веднаш почна да јаде од гранките наоколу.
Милошевиќ апелирадо сите кои имаат животни, да бидат внимателни со нив, совесно и одговорно да ги чуваат.
Ново на Сител
-

Полициски пресретнувач го сними со 188 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово: Уапсен 27-годишник од Гостивар
-

Форензичката психијатрија во фокусот на меѓународна конференција во Охрид
-

Уапсен 20-годишен кавадарчанец, поседувал марихуана
-

Ги погоди сите седум броеви и стана мултимилионер: Германец освои 120 милиони евра на Евроџекпот
-

Данска воведува построги правила во училиштата: Наставниците ќе можат физички да интервенираат против учениците
-

Трамп разговара со Русија и Кина за денуклеаризација
-

Гаши се сретна со претседателот на Претставничкиот дом на Холандија, Том Ван Кампен
-

Прометот во индустријата зголемен за 8,8 проценти во август
