Македонија
24. јуни 2016 - 21:46

Се стресе Македонија, почувствуван силен земјотес

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска, во 20 часот и 48 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа 200 км североисточно од Скопје, во соседна Р. Бугарија 
 
Според досегашните макросеизмички податоци, овој земјотрес е почувствуван во источните делови од Републиката со интензитет од III степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998.