Се степале на бензинска, бегале од полиција, па удриле полициско возило
На 27.12.2020 околу 01,15 часот на ул.„Бутелска“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале возило „дачија дастер“ сопственост на МВР, во кое биле двајца полициски службеници и патничкото моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(19) и сопатник И.Х.(18) двајцата од Скопје, кои бегале од полициската екипа по претходно нарушување на јавнот ред и мир. Во незгодата двајцата полициски службеници и И.Х. се здобиле со телесни повреди.
Претходно, била добиена пријава дека околу 01,00 часот на бензинска пумпа на подрачје на Чаир бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Т.(19) и И.Х.(18) двајцата од Скопје кои биле со патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, од една страна и М.Ф.(34), М.О.(21) и А.И.(50) сите од Скопје кои биле со патничко моторно возило „фолксваген голф, со скопски регистарски ознаки, од друга страна, по што сите учесници го напуштиле местото на настанот.
Подоцна од полициски службеници било запрено возилото „фолксваген голф“ и приведени се М.Ф., М.О. и А.И.
Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Трибина: Состојбите во современиот македонски јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Џафери со отчет за мандатот како технички премиер
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори