-->
-->
Се сретнале со непознат човек од Фејсбук а за тоа ќе жалат цел живот
-->

По 20 часови мачење биле пуштени на слобода со закана дека ќе бидат убиени доколку на некој му кажат што им се случило.
Сестрите Ејми (21) и Никол (19) Рајс биле жртви на запознавање преку Фејсбук. Тие прифатиле барање за пријателство од две непознати момчиња, а откако биле пријатели на социјалната мрежа решиле да се најдат со момчињата кои двете ги прифатиле за пријатели.

Тие се обиделе да заминат кога момчињата почнале да се однесуваат малку невообичаено но биле претепани. Кога Никол се обидела да избега паднала низ скали и ја повредила главата. Момчињата се изживувале врз двете сестри цели 20 часа по што ги пуштиле на слобода со уцена дека ќе ги убијат доколку на некој му кажат што им се случило.

Полицијата го истражува случајот, а Ејми и Никол активирале страна на Фејсбук на која обелоденија што им се случило и им даваат совети на другите да не прифаќаат за пријатели луѓе кои не ги познаваат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен 71-годишен маж, предизвикал пожари во Демиркаписко
-
Кривичниот суд Скопје започнува дигитална трансформација со поддршка од вештачка интелигенција
-
Незаконски присвоил 2 110 640 денари од пациенти, условна затворска казна за вработен во прилепската болница
-
Кривични пријави за две лица од Струга и струшко поради предизвикување пожари
-
Почина Ози Озборн
-
Трамп објави трговски договор со Јапонија, вклучувајќи царини од 15 проценти
-
Руските сили го нападнаа Криви Рих, погодени неколку места, избувнаа пожари
-
Спречен уште еден обид за подметнување шумски пожар, вели Ангелов