Се снима биографски филм за Бритни Спирс
Поп дивата Бритни Спирс наскоро ќе добие свој биографски филм, каде што главната ќе ја одигра австралиската актерка Наташа Ласет, најавија од продуцентската куќа „Лајфтајм“.
Продуцентите соопштуваат, исто така, дека ниеден дел од животот на некогаш популарната пејачка нема да биде прескокнат, па ни оние тешки моменти, кога таа во својата депресија и летаргија си ја избричи главата „лустер“, на пример. Или тоа кога со еден папарацо завршила в кревет (а се испостави дека тој бил нејзино поранешно момче). Или пак, нејзината рехабилитација, одземањето на старателството врз родените деца...
„Сите говореа дека Бритни дошла до работ, бракот и се распадна, го изгуби старрателството над синовите... но и покрај неволјите, таа се избори со сето тоа, и одново изгради кариера, докажувајќи им на сите дека е сирова сила во светот на забавата“ стои во соопштениеето на „Лајфтајм“.
Премиерата на филмот е закажана за наредната година.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива