Се слушаат истрели ка Лувр - Нападите во Париз координирани!
Во најновите вести медиумите јавуваат за истрели во близина на Лувр. Велерва Париз е под опсада. Од минута во минута се зголемува бројот на жртвите.
За сега никој не ја презел одговорноста за нападите. Не се знае кој стои зад нив, но јасно е дека станува збор за добро координирани напади.
Според известувањето на француските агенции, се случил нов оружен напад во шопинг центарот “Лес Халес“ во Париз. Во меѓувреме киднаперите кои држат околу сто заложници во концертната сала во Париз, излегоа и пукаа кон полицијата. Не е познато колку жртви има во салата, но според проценките се работи за најмалку 15 убиени луѓе.
Според пишувањата на Твитер од очевидци, напаѓачите извикувале “Алах Акбар“ а на француски “Ова е за Сирија“.
Според досегашните податоци, има најмалку 60 убиени жители на Париз, но бројот се стравува дека ќе биде многу поголем.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори