Се слушаа бомби на судењето за „Траекторија“
И денешното рочиште за предметот Tраекторија, продолжи со презентација на прислушувани телефонски разговори со кои СЈО тврди дека била избрана фирма со поскапа понуда за изградна на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид.
Според обвинителството кинеската компанија CWE наводно дала пониска понуда која намерно била сокриена.
Според одбраната пак со телефонските разговори се докажува спротивното, односно дека таква понуда не постои. Компанијата CWE упатила само писмо, а не понуда и тоа дури 23 дена подоцна, со повисоки цени од избраната комапнија Синохидро.
Доколку била прифатена оваа компанија, според одбраната ќе бил нарушен принципот на рамноправност и конкурентност на двете комании.
Доказната постапка за предметот траекторија продолжува на 4 септември.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи