Џет-Сет
16. May 2016 - 15:00

Се сеќавате на Азис, нема да го препознаете со новиот имиџ

На публиката и се претстави како целосен травестит, а по неколку години дојде до пресврт на кој никој не се надеваше.

Имено, бугарскиот пејач Азис на почетокот од кариерата наиден на линч зошто се претстави со целосна шминка, штикли, танги и со сите женски манири.

Она што го издаваше дека се работи за машко лице беше неговата брадичка.

Меѓутоа, неговиот изглед денеска доживува целосна трансформација. Дури и ќе помислите дека се работи за две различни лица.

Тој денеска изгледа како вистински мачо мен. Пушти вистинска машка брада во природна боја, носи машка гардероба и нема ништо слично со женскиот свет.

Неговиот стил е целосно сменет и нема врска со она што беше претходно.