Живот
11. January 2018 - 19:42

Се сеќавате ли на неа: Еве како изгледа денес малата Ивана од познатиот хит на Чолиќ

Многумина се сеќаваат на слатката црвенокосо девојче кое во познатиот спот на Здравко Чолиќ ги испеа стиховите „Ja se zovem Ivana, a tata me zove zlato“. Таа денес живее во Австралија и има повеќе од 34 години. Познатото девојче од песната „Čaje šukarije“ се ивака Ивана Легин, а нејзиниот живот не бил лесен.

Во 1990 година „заблеска“ во спотот на Чолиќ, а на крајот на осумдесетите Ивана со Слободан Чустиќ играше во филмот „Кудуз“. Соработката со Здравко и останало во убаво сеќавање.

- Се сеќавам на снимањата во студио со Здравко кога се шалев со него дека е девојче затоа што има таква долга коса. Ми се чини дека го промени миџот за таа плоча затоа што на албумот имаше убава залижана кратка коса - открива своевремено за магазинот Лола, а пред неколку години се сретна со Чолиќ на еден негов настап во Мелбурн.

За фактот дека луѓето се сеќаваат на неа како девојчето од песната на Чолиќ и филмот „Кудуз“, Ивана изјавила дека е убаво да се знае дека убав и значаен дел од нејзиниот живот им останал во сеќавање на многу луѓе.

- Но морам да признаам, сеуште сум изненадена на тој факт затоа што има поминато повеќе од 20 години од сето тоа. Моментално живеам  потополно друг живот, така што кога се појави интересот за мене во медиумите пријатно се изненадив. додала Ивана.

Ивана по почнувањето на војната во Југославија во текот на деведесетите пребегала во Австралија, а неволно се потсетува на тешкиот период кој е позади неа.

- Бегањето одеше преку Белград, Загреб, Русија па дури потоа до Автралија. Како и сите останати кои лутале низ светот пробувајки да најдат свој мир и сигурност, животот им е немирен, несреден и нестабилен. амо што ќе се навикнеме на едно училиште и начин на живот, ќе се најдевме во друго опкружување со нов јазик и култура. Не беше лесно, но вакво искуство дефинитивно зајакнува. Малите лузни секогаш ќе бидат присутни, некогаш ќе здоболат, обично кога тоа најмалку го очекуваме, раскажува таа.

Денес Ивана се бави со маркетинг, режија и продукција.