Се реновираат основните училишта во општина Илинден
Во рамките на реализацијата на проектот за реконструкција на основните училишта, општина Илинден интензивно работи на обезбедување квалитетни услови за следење на образовниот процес.
За таа цел во основно училиште „Браќа Миладиновци” изградени се две нови училници и помошни простории, со вкупна површина од 200 метри квадратни, информираат од Општината.
Паралелно со тоа интензивно се работи на целосна промена на покривната конструкција на ова училиште со површина од 1.400 метри квадратни.
Во подрачното училиште во Текија во тек е доградба на уште една училница, наставничка канцеларија, помошни простории и тоалети на површина од 100 метри квадратни.
Во подрачното основно училиште „Ристо Крле“ во Мралино поставен е нов покрив, рехабилитирана е фасадата на училишната зграда, поставена е настрешница и е уреден влезот пред училишната зграда со гранитни ќерамички плочки.
Во Средното општинско стручно училиште „Илинден“ обезбедена е нова модерна и современа техничка опрема за вршење на практична настава, како и нови гардеробери за сите ученици.
- Вкупната инвестиција за реализацијата на овие проекти изнесува 12 милиони денари. Годинава, во доградба, реконструкција и модернизирање на училиштата ќе бидат инвестирани 30 милиони денари, истакна градоначалникот Жика Стојановски на прес-конференција.
Потенцира дека капиталните инвестиции во областа на образованието, се трајна определба во насока на подобрување на условите за живеење, квалитетот на животот и животниот стандард на жителите во сите 12 населени места во општина Илинден.
- Општина Илинден продолжува со континуираните вложувања во образованието, со цел на учениците да им се обезбедат квалитетни услови за покажување на нивните способности и постигнување на високи резултати во образовниот процес, додаде градоначалникот Стојановски.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација