Се реконструираат повеќе улици и булевари во Скопје
Продолжуваат градежните активности за реконструкција на коловозите на поголем број улици и булевари во Скопје, соопштија од Град Скопје.
На територијата на општина Ѓорче Петров се реконструира улицата „Ѓорче Петров“ на потегот од општинската зграда до бензинска пумпа на Макпетрол, во должина од околу 1.500 метри. Вчера почна и реконструкцијата на улицата „Борис Сарафов“, на потег од крстосницата со улицата „Македонска војска“ до крстосницата со улицата „Кузман Шапкарев“, со вкупна должина од околу 1.700 метри.
На територијата на општина Центар, во тек е реконструкцијата на булеварот „Кочо Рацин“, на потегот од булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ до улицата „Свети Кирил и Методиј“ во должина од 880 метри, а се работи и на реконструкција на дилатациите на мостот „Гоце Делчев“.
Во општина Чаир се реконструира улицата „Лазар Трповски“, на потегот од кружниот тек со улицата „Втора македонска бригада“ до крстосницата со улицата „Петар Ичко“, додека во Шуто Оризари се реконструира улицата „Индира Ганди“, во должина од 1.100 метри, на потегот од раскрсницата со улицата „Босна и Херцеговина“ и булеварот „Словенија“ до улицата „Бутелски венец“.
На територијата на општина Аеродром во тек се активностите за реконструкција на улицата „Февруарски поход“, на потег во должина од 720 метри.
Покрај на овие локации, се работи и на уште неколку локации каде се изведуваат поголеми градежни зафати што траат поголем временски период, а тука влегуваат: втората фаза од проектот на изградбата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ и негово поврзување со заобиколницата, изградбата на булеварот „Босна и Херцеговина“, како и првата фаза од проектот за поврзување на Аеродром со Центар преку проширувањето на булеварот „АСНОМ“.
Во текот на градежната офанзива на Град Скопје во изминатиот период во рекордно кратки рокови беа завршени булеварот „Партизански одреди“ на потег од крстосницата со булеварот „8 Септември“ до мостот Обединети нации, во должина од околу два километри, улицата „Лазар Личеноски“ во вкупна должина од 493 метри, на потег од раскрсницата со булеварот „Гоце Делчев“ до сервисната улица за влез на паркингот кај СРЦ Кале, улиците „Московска“, „Димитрија Чуповски“, „Љубљанска“ и „Антон Димитров“.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Интеграцијата на ЕУ да се темели на напредок, а не билатерални прашања
-
Тема на денот со професор Методи Хаџи Јанев
-
ВО ЖИВО: Мицкоски во Брисел на средба со Фон дер Лајен и Мишел
-
Борисов бара оставка од Николовски или крај на разговорите со Македонија
-
Албанските партии нема да седат мирни по укинувањето на балансерот, се најавуваат закони за правична застапеност
-
Пациент почина на Инфективна поради компликации од западно-нилска треска
-
Дефицитот од докторски кадар во ЈЗУ ќе се надоместува со приватни специјализанти
-
СДСМ: Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец