Македонија
7. February 2017 - 11:38

Се реконструира улицата „Коста Веселинов“ во општина Центар

Општина Центар комплетно ја реконструира улицата „Коста Веселинов“ во должина од 90 метри, каде стариот асфалт ќе биде заменет со 420 метри квадратни нов асфалт и нов тампонски слој од 30 сантиметри.

Како што информираат од општина Центар, детектираните проблеми во снабдувањето со топлинска енергија се решени и по асфалтирањето ќе нема нови прекопи, а граѓаните да добијат квалитетни услуги.

Улицата ќе добие и 175 метри квадратни тротоари, поплочени со павер елементи.

Од општина Центар, исто така, информираат дека продолжува реконструкцијата на улицата „Наум Наумовски – Борче“, од булеварот „Илинден“ до кружниот тек во Дебар Маало и улицата „Коле Неделковски“.