Се реконструира селскиот дом во село Панчарево
Во пехчевското село Панчарево почна реконстукцијата на селскиот задружен дом кој е во руинирана состојба, изграден во педесетите години на минатиот век.
Градоначалникот Драги Тренчовски кој направи увид на работите, истакна дека целта на проектот е да се задржат сегашните жители и да се подобри квалитетот на живот.
- Со реконструкцијата на домот се предвидува препокривање на целата конструкција со површина од 700 метри квадратни, демонтажа и монтажа на прозорци и врати на делот кај салата и изградба на нов плафон на истиот дел кај салата, а средствата за изградба се обезбедени преку Бирото за регионален развој и општина Пехчево со вкупна вредност од 2.141.622 денари. Изведувач на работите е фирмата Баџак-инженеринг ДОО Скопје, рече Тренчовски.
Градоначалникот Тренчовски истакна дека е задоволен што реализацијата на ветените проекти од неговата програма стартува од селото Панчарево, каде денес живеат околу 300 жители.
- Оваа сала во селскиот дом ќе создаде услови повторно да се користи за разни манифестации и настани за потребите на жителите, а мора да истакнам дека ќе се заштитат и другите простории кои се во рамките на домот. Овој проект е по долгогодишно барење на сите жители на селото и еве денес го реализираме, истакна градоначалникот Тренчовски.
Покрај реконструкцијата на домот во селото, во програмата за работа на градоначалникот и локалната самоуправа предвидено е и реконструкција на локалниот пат кој води до селото и изградба на две улици во селото.
Градежните работи на селскиот дом треба да завршат до крајот на оваа година по што со друг проект ќе се решава и интериерот и дворот пред домот.
Ново на Сител
-
Поевтинуваат сите горива
-
Јужна Европа се „пржи“ на екстремна жештина
-
Трамп му се закани на кандидатот за градоначалник на Њујорк
-
До крајот на неделава сончево и многу топло со температури до 40 степени
-
Гори глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид
-
19-годишна радовишанка со 2,23 промили алкохол во крвта направила сообраќајка, па побегнала
-
19 стебла канабис пронајдени во струмичко
-
Лавров: Одлуката на членките на НАТО за зголемување на издвојувањата за одбрана може да доведе до негово распаѓање