Се реконструира фасадата на битолскиот Музеј

Националната установа Завод и Музеј-Битола почна со реконструкција и конзервација на фасадата на Музејот, еден од најзначајните културно историски споменици во градот, објект во минатото познат како воена гимназија во која учел Мустафа Кемал Ататурк.
Според проектната документација и планот за работа, градежните активности стартуваа со реконструкција на фасадата од западната страна, што според експертите од Музејот во Битола била и најоштетена.
– Интервенција врз фасадата со целосна конзервација и промена на дограмата вршиме по пауза подолга од 30 години. Проектот е поддржан од Министерството за култура и е континуирана активност во рамки на годишната програма која почна минатата година. До крајот на минатата година извршивме реконструкција и обнова на дел од археолошките депоа во Музејот, а сега сме подготвени за конзервација на фасадата. Паралелно со реконструкцијата на фасадата ќе биде решен проблемот со атмосферските води и други проблеми со кои се соочувавме и кои вршеа оштетувања на објектот, истакна д-р Мери Стојанова, директор на НУ Завод и Музеј-Битола.
Новиот лик на фасадата на НУ Завод и Музеј-Битола од западната страна на објектот се очекува да биде комплетиран со партерно уредување и паркинг простор за што се очекува поддршка од локалните комунални сервиси и посебно од ЈП „Комуналец“ и ЈКП „Нискоградба“ со кои националната установа има соработка.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Керамитчиев, Граѓанска иницијатива за чист воздух во Скопје
-

СДСМ го обвини Деспотовски за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, тој вели - Ова не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде
-

Гаши најави дебата за измени на Изборниот законик
-

Сиљановска Давкова: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива
-

Дедо Мраз пристигна на Скопскиот плоштад
-

„Бегалка“ по 55 години на сцената на Струмичкиот театар
-

Расте бројот на станоиздавачи
-

Нелегалната сеча се намалува, пријавите се зголемуваат
