Се реконструира дел од булеварот „Партизански одреди“
Булеварот „Партизански одреди“ на потегот од раскрсницата со улицата Франклин Рузвелт до раскрсницата со булеварот „8 Септември“ ќе се реконструира за што од буџетот на Град Скопје ќе бидат инвестирани околу 29,2 милиони денари.
На почетокот на градежните активности денеска увид изврши градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој изјави дека планирано е да се нанесат два слоја асфалт на шесте ленти во должина од околу 900 метри или околу 1.900 метри во двата правца.
- Ова е втор дел од проектот за реконструкција на коловозот на булеварот Партизански одреди, каде пред неколку години го реконструиравме делот во Општина Центар, од соборниот храм „Свети Климент Охридски“ до крстосницата со улицата Френклин Рузвелт. Дополнително во 2015 година го пробивме и доизградивме булеварот Партизански одреди до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров, со што овој булевар беше изграден во целата негова должина, рече Трајановски.
Градежните работи е планирано да траат 90 дена, но, градоначалникот Трајановски се надева дека ќе завршат побрзо.
- Како и претходните, така и оваа година летниот период ќе се искористи за поголема градежна офанзива поради летните одмори и намалената фреквенција на луѓе и ќе се реализираат голем број на капитални инфраструктурни проекти на територијата на сите 10 општини во Скопје, рече Трајановски.
Со реконструкцијата се очекува да се зголеми безбедноста на сообраќајот. Надлежните апелираат до учесниците во сообраќајот да се придржуваат до времено поставениот режим на сообраќај.
На реконструкцијата на бул. Партизански одреди ќе работат екипи на градежната компанија „Бауер БГ“.
Ново на Сител
-
Данска ја промени политиката – проширувањето на ЕУ и’ стана приоритет
-
Греко го затвори надзорот – Македонија со напредок во борба против корупцијата
-
Ахмети им даде по 3 места на Таравари и Села
-
За изградба на автопататот Кичево-Охрид ќе требаат повеќе пари
-
Електронски пари без банка, нова услуга од Иуте
-
Преглед на вестите од светот
-
Три куќи изгореа во пожар во Злокуќани, двајца пожарникари побарале лекарска помош
-
Општинските власти бараат поригорозни санкции за пироманите