Се разведуваат Анџелина Џоли и Бред Пит: Ме мамеше и со жени и со мажи

Анџелина Џоли и Бред Пит поднеле барање за развод на бракот, меѓусебно обвинувајќи се за прељуба.
Еден американски магазин тврди дека ги поседува документите за развод на славната двојка, и наскоро планираат да ги објават.
Како причина за можниот распад на бракот е наводно прељуба, од двете страни. Анџелина, наводно по жестоките кавги со Бред на почетокот на декември замина за Камбоџа, за подоцна Бред да се соочи со наводни докази дека сопругата го мамела.
Џоли исто така поседува докази дека Бред ја мамел со жени, но и со мажи.
Инаку се шпекулира дека двојката заедно тежи 480 милиони долари, поради што бракоразводната парница може да биде пеколна поради поделбата на имотот, но и поради старателството над нивните шест деца. Се шушка дека проблемите во бракот Пит-Џоли се појавиле пред неколку месеци, а се кулминирало кога двојката заедно направи филм за пропаста на една љубовна врска, во режија на Анџелина Џоли.
Ново на Сител
-

„Фејненшл Тајмс“: Драги или Меркел како можни преговарачи на ЕУ со Москва
-

Песков: Русија и Кина ги усогласија маршрутата и начинот на градба на новиот гасовод
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
-

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
-

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан
-

Паднаа цените на нафтата
