Се разбуди Етна, тргна и лава: Најдраматично беше во текот на ноќта кога го затворија аеродромот
Вулканот Етна на Сицилија е во ерупција откако од еден кратер тече лава, соопшти италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија.
Ерупцијата е испрекината и лавата тече на југоисточната падина од вулканот на километар ипол од кратерот. Пикот на активноста е забележан во текот на ноќта.
Локалните власти поради тоа повторно го затворија за сообраќај воздушниот простор на овој италијански остров.
Анса пренесува дека фирмата „Сак“ која управува со аеродромот во Катанија, соопшти дека почнувајќи од 11 часот сите сектори на воздушниот простор се отворени за сообраќај.
Во соопштението сепак се наведува дека се можни закаснувања во полетувањето и други непријатности, но дека ситуацијата би требало наскоро да се врати во нормала.
Покрај аеродромот во Катанија, забрана за сообраќај поради ерупцијата на Етна важеше и за другото сицилијанско воздушно пристаниште во Комизо кај Рагуза, каде исто така не беше дозволено полетување и слетување на авиони.
Етна, која се издигнува на 3.300 метри, е најголем активен вулкан во Европа, со чести ерупции, познати најмалку 2.700 години.
Неговата последна голема ерупција беше во текот на зимата 2008-2009. година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024