Се расправале пред продавница - Кочанчанец заврши во болница со скршен череп
Во кочанското село Зрновци вчера во 16.15 часот во близина на паркот, пред продавница настанала расправија за должничко-доверителски односи меѓу К.И.(53) и Б.С.(48), и двајцата од село Зрновци.
По расправијата, Б.С. отишол во својот дом од каде земал земјоделска алатка – сор, се вратил пред продавницата и со него замавнал и го удрил К.И. во пределот на главата, нанесувајки му расекотина, по што побегнал. На К.И. му е укажана медицинска помош во Здравствениот дом Кочани, каде му е констатирана тешка телесна повреда– скршеница на левата страна на черепот, а поради сериозноста на повредите пренесен е и хоспитализиран во Клиничката болница во Штип, каде му е извршено алкотестирање. Утврдено е присуство од 2,12 грам-промили на алкохол во организмот. Увид на местото извршила екипа од ПС Кочани и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на настанот.
Ново на Сител
-
СДСМ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?
-
Дождовите помогнаа, пожарите под контрола
-
Преглед на вестите од светот
-
Поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“
-
Охридско лето денес слави 65 години роденден
-
Зголемен интересот кај штипјани за имунизација со ХПВ вакцина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми