Се расчистуваат одроните кои не го загрозуваат сообраќајот во Пијанечко-Малешевскиот регион
Во Пијанечко-Малешевскиот регион продолжува расчистувањето на одрони на регионалниот пат Делчево - Пехчево - Берово. Појава на одрони имаше и на патот Делчево - Македонска Каменица - Кочани кој е дел од магистралата А3, како и на патот Берово - Виница. Екипи на Македонија пат утрово ги расчистуваа одроните на неколки локации, притоа напоменувајки дека во услови на влажно време потребна е претпазливост при учеството во сообраќајот.
-Поради дождот кој непрекинато паѓаше, а потпомогнат од ветрот можни се одрони и во текот на денот на гореспоменатите делници. Наша обврска е редовно да ги отстрануваме истите, а апелираме тоа возачите да не го прават самоиницијатицно, за да не дојде до не дај боже некои повреди, истакнаа од Македонија Пат.
Почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината е птепораката која ја упатија до возачите.
-Знаеме дека се свесни возачите за ризик при возење по влажно време, но сепак повторуваме дека нема зошто да се брза. Нашите екипи остануваат во редовна обиколка и чистење на наносите онаму каде се забележани, додаваат од Македонија Пат.
Утрово дождот во Пијанечко-Малешевскиот регион престана, но се уште се вози по влажни коловози долж сообраќајниците во овој регион.
Ново на Сител
-
Поротниците го прогласија Трамп за виновен за сите обвиненија во случајот „пари за молчење“
-
Завршува најголемата вежба на НАТО во која учествуваат 90 илјади војници
-
Србија/Локални избори: Почна предизборниот молк
-
Политико: Бајден тајно и дал дозвола на Украина да изврши напади во Русија со американско оружје
-
Сончево со мала до умерена облачност, температура до 31 степен
-
Кривична пријава против двe лица кои со измама изнудувале пари од охриѓани
-
Сообраќајка на патот Битола - Демир Хисар, сообраќајот во прекин во двата правца
-
Прв закон за реорганизација на управата