Се расчистуваат и санираат детските игралишта во општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода викендов спроведува акција за чистење на сметот од сите детски игралишта на територија на општината.
Како што соопшти општина Кисела Вода, ангажирани се тимови на сезонски работници кои во текот на викендот интензивно ќе работат низ сите месни и урбани заедници на отстранување на отпадот оставен од несовесните граѓани.
Од општината, исто така, информираат дека се работи на замена и поправка на оштетените реквизити и урбаната опрема на детските игралишта, а во текот на следната седмица акцијата ќе продолжи со косење на нараснатите тревни површини.
Општина Кисела Вода апелира за совесно однесување и зачувување на животната средина и урбаната опрема која има за цел подобрување на ликот на овој дел од градот и обезбедување на квалитетни содржини со кои жителите можат да го исполнат слободното време.
Ново на Сител
-

Партиите со меѓусебни обвинувања – Кој ги брка младите од државата?
-

Сиљановска: Без финансии нема независно судство
-

Фестивалот „Браќа Манаки“ ќе почне на 19. септември
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски учествува на годишниот состанок на УО Центарот за извонредност во финансиите - ЦЕФ
-

Мицкоски: Граѓаните беа толерантни, сега е на ред тие да им се одолжат
-

Врховен суд на Македонија домаќин на XVI годишна конференција на врховни судови од Централна и Источна Европа
-

ШКЛ - од денес до 30-ти јули, Штип во знакот на културата
