Се работи на нови подобрувања на екстерното тестирање
Ве молам тргнете ги рацете од децата и младите. Премиерот Груевски во својот осмосептемврски говор со силна порака до опозицијата. Екстерното тестирање да не се користи за собирање на ситни политички поени, бидејќи само со квалитетно образование на младите може да очекуваме напредок
Јас знам дека екстерното тестирање не е совршено, и може да се подобрува. И ние и во изминатите години го подобрувавме, а и сега работиме на нови подобрувања.
Но, најмногу разочарува што политичките партии, опозицијата, сака и од оваа тешка борба за помош на новите генерации да станат поуспешни и посреќни во животот, со менување на некои наследени лоши навики, со повеќе учење и пред се знаење, сакаат да исполитизираа и сето ова да го користат во политичко партиски цели. Многу е опасно кога учениците и родителите неодговорно ги гледаш како бројка на гласачи на кои треба да им се угоди за да гласаат за тебе, дури и кога правиш чекори со кои на долг рок им одмагаш, а тие во моментот не се свесни за тоа. Ако и ние се вклучиме во таа битка, и почнеме да се натпреваруваме која партија ќе овозможи полесно земање диплома без знаење, каде ќе оди државата. За каков напредок ќе зборуваме, и за каков квалитет во образованието? Апелирам, основните вредности да не се предмет на политичко подкусурување и собирање ситни политички поени. Основните вредности се столбот на општеството, несмееме да ги рушиме.Загрижувачки е отпорот на дел од народот кон знаењето и учењето. Мошне загрижувачки.Особено оној на дел од родителите. Формирањето на партиски пленуми, охрабрувањето на учениците наместо да учат, да протестираат против проверката на знаењето, ќе бидам отворен е катастрофа за општеството.
На свечената академија во макеоднскиот народен театар Груевски не го криеше задоволството од резултатите на владините политики за пораст на наталитетот
Владините мерки даваат видливи резултати и трудот и напорите се исплатеа иако многу скептици неверуваа во тоа. Трето дете во семејство, не е веќе вистинска реткост, туку е се почесто и полека станува но сигурно хит, станува мода, станува нормално се повеќе. Ако пред 7 години беа вистинска реткост, веќе нема улица, или влез во зграда каде нема по еден или повеќе случаи на семејство со три или повеќе деца.Бројот на трето родени деца во 2008мата е 2677 трети деца во семејство, додека во 2014та е 3.715 трети деца во семејство, што е раст од безмалку 40 осто. Тоа се цели 1038 повеќе семејства само во текот на една година кои се одлучиле да имаат трето дете, споредено со 2008мата. Во 2008мата се родиле вкупно 22.945 деца, а во 2014тата 23.674 деца, што е плус 729 деца, и раст од 3,2%.
Премиерот предупреди на проблемот со мигрантите кои ја мачи цела европа изразувајќи загриженост дека во иднина постои опасност предизвиците да станат уште поголеми. Груевски рече дека Македонија засега добро се справува со кризата, но дека таа е како темпирана бомба и дека главните проблеми ќе дојдат тогаш кога посиромашните граѓани кои живеат во погодените земји ќе почнат да бегаат кон Европа.
На домашен план, Груевски рече дека Македонија мора да ги негува меѓуетничките односи.
Неодамнешните поплави во северозападна Македонија кои предизвикаа повеќе невини жртви и огромна матерјална штета, не натераа малку повеќе да се почуствуваме пред се како луѓе од крв и месо а не како некоја ,,друга страна,, или друг етникум,... повеќе свои, а дури потоа како припадници на некоја етничка заедница или вера. Поплавите ни одземаа повеќе животи и многу пари за санирање на штетите, но барем донекаде не доближија како луѓе и не потсетија на некои заеднички вредности. Се виде на дело, дека луѓе на луѓе, соседи на соседи, помагаат кога е најтешко и во такви моменти не е важно кој што е. Така треба секогаш да биде.
Ја видов одблиску маката на тие луѓе во Шипковица и во Речица, и тоа кога им беше најтешко.
Но, го видов и поривот на сите останати да им помогнат на оние кои до вчера ги гледаа како опасност или како некој со кој треба да имаат дистанца. Ја видов и благодарноста во очите на оние на кои им се помагаше.
Драги пријатели,
Луѓе сме пред се. Да не го забораваме тоа. Ова не значи дека нетреба да го исполнуваме рамковниот договор.Треба. Но да не ја заборавиме човеката димензија. Да не дозволуваме несреќите да не потсетуваат дека Бог така одлучил, и не довел на едно место заедно да живееме, и треба заеднички да работиме животот да си го направиме поквалитетен и посреќен.
Груевски потенцираше дека Владата продолжува со директно соочување со проблемите на граѓаните и нивно решавање затоа што како што рече, тоа е за доброто на народот, бидејќи народот е државата.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
