Се проширува истрагата за Епстајн: На удар „роденденската книга“

Одборот на Претставничкиот дом на САД кој ги истражува злосторствата на Џефри Епстајн побара предавање на нови документи, меѓу кои и книга со пораки за неговиот 50. роденден, јави Би-Би-Си.
Судскиот повик, потпишан од претседателот на Одборот Џејмс Комер, означува проширување на истрагата. „Волстрит џурнал“ минатиот месец објави дека книгата ја составила Гислејн Максвел во 2003 година и дека содржи пораки од бројни познаници, меѓу кои и наводна честитка со потпис на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој ја негираше автентичноста и поднесе тужба за клевета.
Од извршителите на оставината се бара да ја достават книгата до 8 септември, заедно со договори за доверливост, тестаментот на Епстајн и други документи што би можеле да се толкуваат како список на клиенти вмешани во трговија со луѓе или сексуални злосторства.
Иако Министерството за правда и ФБИ тврдат дека таков список никогаш не постоел, шпекулациите не престануваат. И самата Максвел, која издржува затворска казна, негираше дека постои.
Аферата „Епстајнови документи“ веќе недели го следи Трамп, и покрај тоа што никогаш не бил обвинет во врска со случајот.
Комер претходно упати повици и до Министерството за правда, како и до поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
