Македонија
24. July 2026 - 16:28

Се проширува Безбеден град

Се проширува системот „Безбеден град“.По поставувањето на камерите , кај Ново Село, во општина Дебарца каде најголемиот број на  прекршоци се поради пречекорување на дозволената брзина  , што според полицијата е сериозен показател за висок степен на сообраќајна недисциплина деновиве треба да профункционираат и камерите на делницата меѓу селата Горенци и Требеништа, како и во Охрид и Струга.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, особено ограничувањата на брзината на патиштата.

Во рамки на системот „Безбеден град“ во Охрид поставени се околу 40 софистицирани камери на сите позначајни сообраќајници, на влезовите и излезите од градот кон Битола и Скопје, по автопатот кон Кичево, на патот кон граничниот премин Св. Наум, како и на најфреквентните улици во градот, меѓу кои булеварите „Туристичка“ и „Железничка“. Посебно се опфатени и делниците кон плажите, каде во летниот период се бележи зголемен сообраќаен интензитет.