Се повеќе кумановци на работа во Авганистан, во борба за живот ги напуштаат семејствата и домовите
„Ми требаат информации и совети од Куманоци кои биле или се вработени во Ирак или Авганистан. Платата, работното време и условите за работа не ме интересираат, затоа што ми требаат финансии за издржување на семејство и прифаќам и долги работни часови. Сакам само да знам како се стигнува до добивање на такво работно место.“
Ова е само еден од многуте коментари кои што можете да ги најдете на македонските форуми на темата вработување и работа. Најголемиот број од нив и повеќе од сигурно е дека се пишувани од кумановска адреса. Овој град или разделува или спојува, зависно од тоа како гледаш на Куманово. Последниве 10тина година, Ирак и Авганистан беа дестинација на голем број жители од овој град. Излеговме на терен. Да провериме што ги тера Кумановчани во овие воени краишта.
Беспарицата не прашува. Финансиската стабилност пред сопствената безбедност. Во ваква ситуација, стравот нема име.
Кипријановски раскажува изворна приказна. Од 2007 до 2010, испраќаше писма со поштенски број на Багдад. Неговите сограѓани го потврдија она што сите го знаат. Парите во Ирак се поголеми од стравот. Кај него ситуацијата била малку поинаква.
Од оваа дистанца, во Багдад за Небојша работата не била тешка, неподнослива била климата.
По навикнувањето на климатските услови, следувало навикнување на бомбашките напади и гранатирања.
Во родното Куманово ја оставил сопругата со ќерката Тамара. Можеби ти даваат прирачник како да се снајдеш во воени услови, но не ти даваат прирачник како да излезеш на крај со тагата по домот и најблиските.
Ирак бил причина да пропушти и една од најголемите семејни радости. Раѓањето на втората ќерка, Николина.
Од оваа сигурно столче на македонска територија, вели дека повторно би се вратил но на краток временски период.
Денес Небојша работи како снимател во Телевизија + во Куманово. Со искуство зад себе се враќа на почетокот на нашата приказна и го дава одговорот на прашањето што ги тера неговите сограѓани да го напушаат овој град.
Куманово е еден од поголемите градови во нашата република. Но без оглед на големината на пазарот, просперитет овде не се споменува во иднина.
Не секоја приказна има среќен крај. Оваа нашата наликува дури и на бајка. Небојша Кипријановски денес живее во Куманово. Со сопругата Валентина, ќерките Тамара и Николина и 2 годишниот Петар. Искрен е за крај. Парите се големи ама и влоговите исто така.
Крајот веќе го испишавме. По ваква лична приказна, очигледна е една голема вистина. Најголемиот извозен производ на Македонија, се Македонците.
Ново на Сител
-
Идризи за Сител: Не го направив намерно, случајот се политизира
-
Тема на денот со безбедносно-политичкиот аналитичар Милан Стефаноски
-
Со лажни фактури за поврат на ДДВ, државниот буџет олеснет за 90 милиони евра
-
30 дневен притвор за сопственикот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Мицкоски: Ако извештајот повторно не се изгласа, проблем не се Бугарите во Уставот, туку македонскиот идентитет
-
Мицкоски: Новиот Клинички центар ќе биде поевтин од оној што го промовираше претходната Влада
-
Клиниката за хируршки болести доби донација од специјални колички - Најавена донација за Ургентен центар
-
АХВ уништи 56 тони небезбедна храна годинава