-->
-->
Се повеќе клубови бараат прекин на Премиер лигата
-->
Менаџерот на Брентфорд, Томас Франк, побарал Премиер лигата да ги одложи сите натпревари кои на програмата се во сабота и во недела.
За „Скај спорт“, Франк, рекол дека тоа е најдоброто решение, со кое ќе се прекине кризата предизвикана од коронавирусот.
Франк рекол дека бил во комуникација со други менаџери кои ја поддржале неговата идеја.
„Има многу заразени со коронавирусот. Сите клубови се соочуваат со овој проблем. Одложувањето на колото и на дуелите во Карабао купот ќе овозможи целата ситуација да се смиири“, рекол Франк.
Нереално е Премиер лигата да го прифати овој предлог на менаџерот на Брентфорд.
Дебитантот во Премиер лигата, во сабота, ќе гостува во Саутемптон.
Во меѓувреме Ковид-19 ги зафати редовите на Манчестер Ј. а претходно и на Тотенхем па како тече времето се повеќе клубови сметаат дека сезоната треба да се прекине за да биде регуларна и да продолжи кога ќе се створат услови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата