Се поставуваат 2.800 водомери во четири населени места во Општина Боговиње

Со свеченост што се одржа во општинската зграда во Камењане денеска беше претставен проектот за поставување на околу 2.800 водомери во четири населени места Синичане, Камењане, Палчиште и Калник во општина Боговиње.
Активноста е дел од проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени. Целата инвестиција изнесува нешто над седум милиони денари, од кои околу 4,5 милиони се донација од УСАИД преку невладината Милеуконтакт Македонија, а околу 2,7 милиони денари се средства од општина Боговиње. Со реализацијата било отпочнато пред четири години.
На свеченоста присутвуваа американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети, градоначалникот на општина Боговиње Хазби Идризи и извршниот директор на Милеуконтакт Македонија Игор Славкоски.
Според амбасадорот Бејли климатските промени се најголемиот прдизвик и закана за планетата и идните генерации поради што тоа е врвен приоритет на Владата на САД која низ целиот свет работи на градење на отпорност кон климатските промени преку ублажување на нивното негативно влијание и намалување на активностите кои придонесуваат за нив.
- Според експерт за климатски промени од американската влада кој ја посети Македонија минатата недела една од последиците на климатските промени е измената на моделот на врнежи што значи дека истата количина на дожд може да падне во текот на една година, но таа може да биде концентрирана само во еден краток временски период и во форма на екстремни временски настани што може да доведат и до поплави и до суши. Тука во Боговиње како резултат на вашата работа со подршка на УСАИД не само што го подобривте водоснабдувањето исто така осигуравте рационално и одржливо користење на водата за пиење а за одбележување и фактот што 40 отсто од потребните средства се од локалната заедница, рече амбасадорот Бејли.
Министерот Амети посочи дека очекува со воведувањето на водомерите да се реше долгогодишниот проблем со недостиг од чиста вода за пиење во поедини населени места како директна последица на климатските промени.
- Со користењето на мерните инструменти ќе се обезбеди одржливо управување со водните ресурси како еден од најранливите сектори на климатски промени, ќе се зголеми ефикасноста на системот за водоснабдување во заедницата а истовремено ќе се зголеми свеста кај локалното население за важноста на рационалното користење н воднисте ресурси и полесно прилагодување кон климатските промени, изјави Амети.
Според извршниот директор на Милеуконтакт Македонија Игор Славкоски активностите во општина Боговиње претставуваат прв проект од ваков вид во државата и регионот од што сите учат затоа што е заснован на методологијата Зелена Агенда која за првпат во светот е прилагодена и се користи за изработка на општински стратегии за климатски промени а што во нашата земја се спроведува во десет општини.
Градоначалникот на општина Боговиње Хазби Идризи потенцираше дека покрај поставувањето на водомерите во четири населени места во општината претходно исто така со подршка на УСАИД било преземено чистење и регулација на речните корита и канали во Пирок, Камењане, Палчиште, Ново Село и Боговиње како итна мерка за намалување на ризиците од поплави како и засадување на дрва по должината на речните корита. Тој најави дека општината ќе продолжи со своите активности за спроведување и на други мерки од заштитата на животната средина а со тоа и полесно справување со последиците од климатските промени.
Ново на Сител
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
-

СДСМ: Мицкоски кривично да одговара за Гостивар
