Се породи 11-годишно девојче силувано од очувот
Девојче на возраст од 11 години од Парагвај се породи откако забременила по силување од нејзиниот очув и откако и било одбиено да абортира. Тој случај предизвика широки критики во таа држава за забраната на прекин на бременоста.
Директорот на болницата изјави за локални медиуми дека со царски рез е родено здраво девојче и оти се минало без проблеми.
Според парагвајските закони абортусот е дозволен само во случаи кога е загрозен животот на мајката. Во тој случај, Комисијата составена од лекари, психолози и судски претставници утврдиле дека животот на девојчето не бил загрозен.
Тоа предизвика силни критики на групите за човекови права и на ОН.
Очувот е уапсен и чека судење, а мајката е обвинета за немарност.
Во Парагвај секој ден се породуваат две девојчиња на возраст меѓу 10 и 14 години и тие случаи често се поврзани со сексуално насилство. Според податоци на здравствените служби, околу 600 девојчиња помлади од 14 години забременуваат секоја година во Парагвај, држава со 6,8 милиони жители.
Ново на Сител
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива
-
Каде ќе завршат гласовите за Османи и Таравари во вториот круг - одлука ќе се носи во следните денови
-
Парламентарни избори