-->
-->
Се појави слика од близначињата кои ги убил македонскиот конзул во Шпанија
-->
Македонскиот почесен конзул, Шпанецот Марио Деус, е уапсен во Јужна Африка. Како што јавува весникот „Ел Паис“, повикувајќи се на „Јуроп прес“, македонскиот почесен конзул е уапсен во Јужна Африка во рамки на истрага за убиство на неговите тригодишни близнаци чии тела ги пронашла нивната мајка.
Засега не се знае кои се причините и околностите за смртта на децата.
За настанот се огласи и македонското МНР. Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека преку Амбасадата во Мадрид е побарана верификација на информациите објавени во шпанските медиуми за наводно апсење на почесниот конзул на РМ во Барселона, Марио Деус, обвинет за убиство на двете малолeтни деца, од Министерството за надворешни работи и Министерството за внатрешни работи на Кралството Шпанија.
- По добивање соодветни информации ќе бидат разгледани опциите за одземање, односно задржување на неговиот статус почесен конзул на РМ во Кралството Шпанија, информираат од МНР.
Ова се неговите близначиња кои тој ги убил:
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Искроено краткорочно и долгорочно решение за срушениот потпорен ѕид кај Детската клиника
-
Мицкоски утре до Собранието ќе го поднесе составот на новата Влада - Гласање викендов
-
Од први септември градежните компании ќе работат по европски стандарди - Ќе поскапат ли становите?
-
Младите со акција за заштита на Охридското Езеро од отпад
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив